Skip to main content

АСНОМ

Жители на АСНОМ со опомена до Општина Охрид дека ќе тужат во Стразбур доколку не им се асфалтира улицата

Напоменуваат  дека, пред 8 години, инвеститорите ги подмириле комуналните давачки кон Општината при населувањето, но Општината не ги исполнила своите обврски.
 |  инфодеск  | 

Жители на ул АСНОМ десеттина години бараат асфалт.  Станари од трите згради што се наоѓаат во близина на улицата, повеќепати се обиделе да контактираат со градоначалникот на Општината, Пецаков, но и неговиот предходник Георгиевски , но велат дека не добиле никаква реакција.

Напоменуваат  дека, пред 8 години, инвеститорите ги подмириле комуналните давачки кон Општината при населувањето, но Општината не ги исполнила своите обврски.

Планираат да ја тужат Општина Охрид  во Стразбур, притоа посочуваат дека не само што бараат уредување на улицата кое е нивно право, туку бараат и одштета поради нарушено човечко достоинство и право на цивилизиран оживеење,како  и поради забрзано амортизирање на нивните возила.

До медиумите испратија и фотографии од улицата.

„Прикажаните слики се секојдневна реалност за жителите на улица АСНОМ, позната како “ПИСТА” (од Охридија до Хотел Интернатионал). Имено, нејзината состојба е темна и безнадежна – неасфалтирана, полна со дупки, бари, неосветлена од јавно осветлување, туку со наше од зградите, илегален паркинг за туристи и наркомани во летниот период, собиралиште на незгрижени кучиња до неодамна, и главна артерија за ископана земја и градежен шут за секоја градежна активност во населба Бејбунар. Сардисани од сите страни, веќе две и пол години интензивно, а и подолго со помал интензитет, нашите домови се наоѓаат во епицентарот на градежната активност. Иако ја сфаќаме неизбежноста на планската градежна дејност, условите за живеење се далеку од прифатливи. “ – се вели во дописот до медиумите.

Жителите велат дека се чувствуваат  како граѓани од втор ред во сопствениот град, притоа ги наведуваат причините за тоа:  

Проблеми со Пристапот – Затворени Влезови од сите страни и Опасни Зони: Влезот од кај Охридија, што би требало да биде влез до нашите домови, сега стана недостапен и за возачи и за пешаци заради градежни активности. Последниот додаток во нашата колекција на апсурди е големата дупка ископана преку ноќ зад зградата во која е Виа Фарм, која во апсолутната темнина, стана сериозна опасност за секој пешак.

Хаос во Сообраќајот – Трка на Камиони: Возачите на камиони, слично на тркачи, ја претворија асфалтираната улица во тркалиште што предизвикува сериозни безбедносни предизвици за нас и нашите деца.

Бучава и неподнослива атмосфера за живеење: Од рано утро до касно ноќе, населбата е исполнета со врева од механизација, викање на мајстори и неподнослива атмосфера за живеење. Кратерите, механизацијата, цевките, шутот и калта што се наоѓаат на секој чекор, го прават влегувањето во домовите вистински предизвик!!! Секојдневно се соочуваме со нечистотија, кал и хаос…..Автомобилите, обувките и панталоните на сите ни се нечисти при секое влегување дома зошто нели подрачјето наликува на градилиште од 18 век, а не 21 век. Колите ни се постојано валкани и еве еден пример: Апсурдна Анегдота: Амортизирани Возила: Од Сервис до Смешни Претпоставки – Најновите анегдоти од нашата елитна населба ни ги прикажуваат возилата како верни сведоци на нашиот дневен апсурд.Нашите автомобили секојдневно се изложени на прашина и кал, а механичарот од сервис на еден од станарите, стана учесник во нашите комични приказни. Предложи смена на делови од автомобилот поради “континуираната изложеност на кал и прашина како што е во сите села”. Претпоставката дека сме од село поради состојбата на нашите возила не е само комична туку и одраз на тоа колку е нашата населба елитна, каква што сите сакаат да ја прикажат!!!

Овие апсурдни анегдоти се само дел од нашата реалност во Беј Бунар, каде што живеењето стана комедија од секојдневни предизвици.