Жители на населбата „Гоце Делчев“ – Бараки реагираат поради намален пристисок на водата во водоводната мрежа во време на жолто и портокалово ниво на опасност од високи температури. Тие посочуваат дека по санирање на дефект на водоводната мрежа на 8ми јули, 29 домаќинства два дена воопшто немале вода, а сега поради слаб млаз на водата не можат нормално да функционираат, да одржуваат лична хигиена , да готват и да користат апарати во домаќинството.
Од Јавното Претпријатие Водовод Охрид ги известуваат корисниците од населбата Гоце Делчев, дека дефектот на водоводната мрежа настанат на ден 8ми јули 2024 година е саниран, но поради компликации настанати по санацијата, неколку домаќинства сеуште имаат намален притисок во водоснабдувањето.
-Бидејќи водоводната линија е поставена на непристапен карпест терен, по извршената санација, кај дел од објектите дошло до запушување на водомерните броила. Екипи на Јавното Претпријатие Водовод Охрид се на терен, и поединечно се вршат проверки и чистење на ситата од водомерните броила, за да се нормализира состојбата со водоснбдувањето, велат од Водовод Охрид.