Skip to main content

Жители од населбата Гоце Делчев – Бараки се жалат на намален притисок во водоснабдувањето

.Од Јавното Претпријатие Водовод Охрид велат дека се запознаени со проблемот и дека работат на нормализирање на состојбата.
 |  инфодеск  | 
Прекин вода

Жители на населбата „Гоце Делчев“ – Бараки реагираат поради намален пристисок на водата во водоводната мрежа во време на жолто и портокалово ниво на опасност од високи температури. Тие посочуваат дека по санирање на дефект на водоводната мрежа  на 8ми јули, 29 домаќинства два дена воопшто немале вода, а сега поради слаб млаз на водата не можат нормално да функционираат, да одржуваат лична хигиена , да готват и да користат апарати во домаќинството.

Од Јавното Претпријатие Водовод Охрид ги известуваат корисниците од населбата Гоце Делчев, дека дефектот на водоводната мрежа настанат на ден 8ми јули 2024 година е саниран, но поради компликации настанати по санацијата, неколку домаќинства сеуште имаат намален притисок во водоснабдувањето.

-Бидејќи водоводната линија е поставена на непристапен карпест терен, по извршената санација, кај дел од објектите дошло до запушување на водомерните броила. Екипи на Јавното Претпријатие  Водовод Охрид се на терен, и поединечно се вршат проверки и чистење на ситата од водомерните броила, за да се нормализира состојбата со водоснбдувањето, велат од Водовод Охрид.