Skip to main content

Комунални дејности

Жителите на Бејбунар се жалат на старо-нов комунален проблем

Неподнослива реа, доаѓа од комуналниот отпад во претоварната станица, велат жители од ул „АСНОМ“ и „Jордан Мијалков“.
 |  Голабовски Крсте  | 
Механизација

Жители кои живеат на улиците „АСНОМ“ и „Јордан Мијалков“ се жалат на неподнослива реа, која како што велат доаѓа од комуналниот отпад во претоварната станица на ЈП „Охридски Комуналец“, која моментално се наоѓа во кругот на Р.Е. Механизација. Напоменуваат дека деновиве имало поголемо од вообичаеното количество смет на оваа локација. ТВМ го контактираше Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Најдески, кој за ТВМ информираше за актуелната состојба.

„Возилата чијашто просечна старост е и повеќе од две децении, огромниот обем на работа и огромното количество на смет, особено за време на туристичката сезона, е причината за подолгото задржување на сметот во кругот на работната единица Механизација. И онака сложената ситуација, деновиве беше дополнително искомплицирана поради дефект на возилото со кое се врши транспорт до депонијата Буково, но сега и тој проблем е надминат, па уште утрово започна транспортот на комуналниот отпад, објасни директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Најдески.

Моментално претпијатието има само едно возило, а потребни се минимум две возила. На последната седница на совет Најдески кажа дека, поради тоа што просечната старост на возилата кои ги користи претпријатието е 20 години, се одлучиле да подигнат кредит за набавка на две нови возила. Но три месеци немале никаков одговор од Министерството за финансии.

Механизација

„За среќа, деновиве, количеството на комунален отпад било намалено за околу 30 %, но за време на сезоната биле воведени вонредни возила за меѓу смена и две возила за ноќна смена. Сметот бил подиган со динамика која се менувала во зависност од потребата, па на одредени локации низ градот се подигал смет и по четири пати во едно деноноќие“, – информира Најдески.

Причина за секојдневната и позачестена амортизација на возилата дополнително е и оддалеченоста на депонијата Буково, која е на 25 км., а бидејќи се користат секојдневно и по три смени, возилата не може да го издржат патот до Буково и често се расипуваат.

Инаку, планирана е изградба на претоварна станица за комунален отпад лоцирана кај месноста Мауцкер.