Skip to main content

Локалната им вети сериозни зафати на жителите на Горна Влашка Маала

Целосна реконструкција на улицата „Питу Гули“, детски реквизити, спортски терени. Ова се само дел од ветувањата кои жителите на Горна Влашка Маала ги добија на средбата со градоначалникот Бакрачески.

 |  Мишел Наумоски  | 
Cinar Hristo
Чинар Христо

Реконструкција на улици, канализациона, водоводна мрежа, естетско уредување на урбаната заедница „Горна Влашка Маала“. Ова се само дел од ветувањата кои граѓаните на оваа урбана заедница ги добија на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, стручни служби од локалната како и претставниците на јавните претпријатија од градов.

raskrsnica vlaska maalaПретседателот на оваа заедница, Томислав-Трпе Голејшки вели дека за дел од нивните барања добиле ветување дека ќе се реализираат во најкраток можен рок.

„Мислам дека градоначалникот потенцира дека прво ќе почне со реконструкција на главната сообраќајница, на улица „Питу Гули“, од кружното кон „Галеб“, целосна, водоводна, канализациона мрежа, сокачињата исто така ги потенцираа.“-рече претседателот на урбаната заедница „Горна Влашка Маала“-Томислав Голејшки-Трпе .

На нивната средба со претставниците на локалната, била потенцирана и иницијативата на директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветан Грозданов, за изградба на централен плоштад кај Чинарот.

Gorna Vlaska Maala„Посебно би сакал да се осврнам на отстранување на контејнерите, голема благодарност до ЈП „Охридски Комуналец“ кои ги отстранија контејнерите со цел да направиме простор, катче за одмор, за поставување на клупи и фонтана, како и поплочување и парковско уредување на пресекот меѓу улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ кај трафостаницата на ЕВН.“-вели Голејшки.

Тој рече дека покрај овие инфраструктурни зафати, горно влашко маалци добиле ветување и дека за дваесетина дена ќе профункционира и семафорскиот систем кај Чинарот кој долго време наназад е надвор од функција. А меѓу другото неколку од нивните предлози, како оној за дислокација на центарот за наркозависници дополнително ќе биле ставени на разгледување со сите надлежни служби.

{loadposition content9}