Жителите на Коњско и Рача побараа осветлување и пешачки патеки од Агенцијата за патишта
Градоначалникот Бакрачески и Директорот на Агенцијата за државни патишта денес ги слушнаа проблемите на жителите од Коњско и Рача.
| Мишел Наумоски | Охрид
рача средба
„Наидовме на разбирање од директорот на Агенцијата за патишта, веднаш се реагираше. Денес дојде, на лице место, да направи увид на состојбата на овие проблеми кои што ги наведоа жителите на овие населени места и се надеваме дека ќе најдеме заедничко изводливо решение, ќе ги уредиме влезовите, ќе се среди дел од осветлувањето од тунелот до Метропол и она што е најважно, денес побарав од директорот на Агенцијата за патишта, да се преземе уредувањето и осветлувањето на влезот во Охрид.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
{loadposition content9}