Skip to main content

Жителите од Сирма Војвода го бараат ветениот асфалт

Преку трупа и преку нива одиме во град, реагираат жителите од ул. Сирма Војвода. Наместо градска, нашата улица наликува на запуштена селска населба без асфалтиран пристапен пат, газиме во кал а градските власти ни ветија дека оваа пролет улицата ќе биде еден од приоритетите на Секторот за сообраќај, патишта и улици. Но од тоа досега ништо.

 |  Николоска Биљана  | 
ulica sirma
улица сирма

ulica sirmaУлицата „Сирма Војвода“, по се изгледа не е приоритет во работата на Секторот за сообраќај, патишта и улици, како што од таму најавија на крајот од минатата година, потсетуваат мештаните од оваа улица. Голем број згради и индивидуални куќи години наназад се оставени без асфалтиран пристапен пат.  И покрај подмирените комуналии децата од овој дел во зима газат по кал од дома за да стигнат до училиште, додека пак во лето стравуваат од змии, затоа што она што треба да претставува градска улица повеќе наликува на запуштена нива.

„Еден град како Охрид, кој е град за респект, кој во неговиот центар на само 300 метри од болничкиот кружен тек личи на една запуштена селска населба, не знаеме што треба да направиме за да може да ги одоброволиме градските власти кои се и надлежни за оваа проблематика, да смогнат сили и да направат барем пристапни врски, асфалт. Ако чекаме да дојдат избории  тогаш да се направи, ништо не вреди да се прави муабет и да се очекува да се направи нешто подобро“– вели Лазар Цветкоски, од оваа улица.

ulica sirmaКоса ни побеле од зборување вели Лазо Тупанчески жител на оваа улица. Тој упати апел до сегашната власт да покажат поголемо разбирање за нивниот проблем, бидејќи сметале дека не треба повеќе да ветуваат туку да покажат акција. Слично е и мислењето на Цветан Андоновски кој пред 4 месеци јавно на нашиот медиум проговори за проблемот со кој се соочуваат. Тој пак смета дека итно во име на најмладите жители на оваа улица надлежните треба да ја исполнат нивната обврска.

„Досега не е сторено ништо, порано доста е дискутирано, но работни дела не се остваруваат. Овде навистина јас 5-6 години живеам во оваа населба и досега не е направено ништо од инфраструктура односно асфалтна уличка. Вистина во катастрофална ситуација се наоѓаме на жалост овде повеќето се млади но не одговара ова време ни за стари ни за млади. Врват низ нивите каде што во летото има змии, во зимата напуштени кучиња, кал, вода и многу е трагично да се зборува за вакви работи бидејќи ветено е дека ќе се направи улица се е платено но никој не презема мерки“.

ulica sirmaКако што изјави Киро Костоски од оваа улица тој лично остварил средба со секретарот на општината и  детално го запознал со нивниот проблем.

„Тој се јави кај Емнин и му рече да се договориш со човеков кога можиш да појдиш. Јас ги пречекав кога се најавија. Дојде не Емин, еден друг инженер некој си Томе. Дојде во времето кога имаше калови до гуша и му реков слези од колата да се прошетаме, а тој ми рече не, сега ја гледам состојбата“ објаснува Костоски.

После посетата на претставникот од Локалната самоуправа, ветиле дека за 10 дена ќе почната со некаков зафат но од тоа и после месец и половина ништо. Пред 4 месеци од Локалната Самоуправа кажаа дека напролет штом почнат со работа асфалтните бази ќе се пристапи кон асфалтирање на „Сирма Војвода“. Денес од Локалната почнаа со асфалт да крпат ударни дупки на Абас Емин и Јане Сандански, но „Сирма Војвода“ ќе добие само тампонирање. Томе Змејкоски од  Секторот за сообраќај, патишта и улици не можеше со точност да ни каже кога ќе се тампонира таа улица ниту пак кои се причините за одложување на асфалтирањето, кое е предвидено во програмата за 2014.

{loadposotion content9}