Skip to main content

Режим на сообраќај стар град

Жители на Стар град ќе собираат потписи против одлуката за издавање картички

Жители на Варош и Месокастро револтирани од условите за идавање картички за движење со возила во Стар град.
 |  инфодеск  | 
star grad

Група жители од Месокастро и Варош во допис до медиумите го изразуваат својот револт од одлуката на локалната самоуправа  повторно да поднесуваат барање и да уплаќаат за картички за влез со возило во Стариот дел на Охрид. Најавуваат дека денеска ќе започнат да собираат потписи против одлуката.

Дописот го пренесуваме во целост:

Веќе 3 години со ред ние жителите на Варош и Месокастро сме обврзани да плаќаме картички за можеме да си дојдеме во своите домови. Првичната замисла на Општина Охрид беше со цел да се регулира сообраќајот во Стариот дел на градот. Но, оваа нивна замисла во пракса не беше успешна. Секое лице со моторно возило можеше слободно да влезе во Варош и Месокастро без разлика дали е жител во Стар Град или не. Домашни и странски туристи ги окупираа улиците на Стар Град, бидејќи луѓето коишто „работеа“ кај рампите без двоумење им дозволуваа влез во Стариот дел, а мештаните беа ОБВРЗАНИ да платат картички за влез, воедно нивните паркинг места беа постојано зафатени од страна на туристи. Сведоци сме и дека многу пати рампите биле нефункционални, односно во неколку наврати се случуваше да се спуштат додека колата минува под рампата.

А за да биде целата ситуација уштепобедна, и оваа година Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори “ донесоа нов Правнилник за доделување на картички, но на состанокот не присуствувал Претседател или Претставник на Урбана Заедница на Стар Град.

Ние жителите на Стар Град сме бескрајно изреволтирани и дискриминирани од овој потег. Револтира и фактот што за новата стратегија дознавме од медиумите, па таму прочитавме дека ќе ни биде оневозможено користење на една иста картичка за влез на повеќе возила (дали ова значи дека доколку имаме две возила, а сме ги купиле сами, другото треба да го оставиме на паркинг и да плаќаме 24 часа за него, или да се снаоѓаме секој на свој начин). Во дописот уште прочитавме дека влезно – излезните терминали меѓусебно ќе бидат поврзани во систем и доколку со една картичка се направи влез во овој опфат, се додека не се евидентира дека е направен излез со истата картичка нема да може истата повторно да се употреби за излез, со што ќе се оневозможи користење на иста картичка за влез на повеќе возила.Прашуваме дали доколку имаме семејна веселба треба сами да одиме и да си ги носиме гостите, а потоа да ги вратиме?

Ние жителите од Месокастро и Варош сме крајно омаловажени од овој нов т.н. правилник и бараме Градоначалникот на Општина Охрид и Директорот на ЈП „Билјанини извори “ да одржат еден состанок со нас, каде ќе им ги соопштиме нашите проблеми, каде ќе ја слушниме нивната замисла, па потоа да се изнајде заедничко, логичко и разумно решение за овој проблем којшто трае со години.

Ние жителите од Стариот дел на Охрид веќе од утре ќе започнеме со собирање на потписи против оваа одлука.

Напоменуваме дека ја поддржуваме локалната во намерата да стави ред со автомобилите кои гравитираат во стариот дел на градот, нотоа да се направи преку добро осмислен план, а не на наш грб.

ЈП “Билјанини Извори” донесе Правилник за издавање на картички за возила во Стар град | Портал ТВМ (tvm.mk)