Skip to main content

Локална инфраструктура

Жителите од крак на Асном бараат асфалт

Неасфалтираната улица им го загорчува секојдневниот живот и бизнис со години наназад. Се жалат дека се дават во прашина која зад себе ја оставаат моторните возила, камионите и автобусите кои проаѓаат или се паркираат по прашливата улица.
 |  инфодеск  | 
АСНОМ асфалт

Да се постави асфалт или тампон на крак од улицата Асном бараат жителите кои живеат во населбата Бејбунар. Неасфалтираната, а фрекфентна улица им го згорчува секојдневниот живот и бизнис на граѓаните со години наназад. Се жалат дека секојдневно дишат прашина која зад себе ја оставаат моторните возила од новоизградените живеалишта и камиони кои градат згради во овој дел од населбата. Граѓаните, велат не можат да отворат прозор или да седнат на тераса затоа што се дават во прашина.

„Кога ќе дојде лето луѓето нема да сушат алишта внатре. Лошо е да ја спростриш облеката бела, а да ја земеш кафеава. Тоа е една од причините кои ни смета“– кажува Симеон Коруноски.

Проблемот со енормното подигање на прашина на оваа улица ја загрозува и работата на хотелот Интернационал. Гостите се жалат дека им смета прашината и се случува да го откажат престојот.

„На тераса не може да се седи и да се пие кафе. Имаме проблем со собите. Ќе ги исчистиме денес, а утре има еден прст прашина“– вели Трајче Ристевски.

Слоеви прашина ги покрива и нивните автомобили кои ги паркираат в долж улицата. Граѓаните бараат од локалните власти да го решат и недостигот со паркинг прострот затоа што секојдневно околу зградите во кои живеат се паркираат автобуси и камиони ,а и тие предизвикуваат поголеми количини прашина.

„Проблем е прашината која секојдневно е по колите.Само по едно чистење следниот ден повторно возилата се покриени со прашина“– вели Игор Николов.

Граѓаните очекуваат сегашната локална власт да најде решение за нивните комунални проблеми. Скромно велат, барем да постават тампон бидејќи минатите локални власти немаа слух да го решат проблемот, иако , како што велат ,платени се комуналии за изградба на станбените комплекси во кои живеат.