Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди, како и да го поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед.
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход – информираше градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.
Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Повеќе информации на следниот линк