Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” ( пукнат yличен шибер), денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи.
Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид се на терен, до завршување на санацијата.