Општинската организација на СДСМ Охрид информира дека член на новиот Изборен одбор на СДСМ е нивната сопартијка Живка Ангелоска.
– Живка Ангелоска своето долгогодишно партиско искуство го темели врз лојалност кон партиските тези и идеали. Повеќе години го претставува гласот на охриѓани и на општинската организација на СДСМ во Советот на Општина Охрид како советник, своевремено како Претседател на Совет и како моментален координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата. Извонреден познавач на општинската работа, на партиските структури, но пред се’ внимателен слушател на потребите на граѓаните и сопартијците. Во името на Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн, и во името на целата општинска организација и’ го честитаме изборот и и’ посакуваме успех и мудрост при носење на секоја одлука, произлезена од социјалдемократските вредности, но пред се’ од потребите на сограѓаните и сопартијците., стои во соопштението од СДСМ Охрид.