Skip to main content

Златен и бронзен медал за охридски гимназијалки на 57-те Детски Рацинови средби

Сара Петкоска (IV-3) на натпреварот во ораторство ,,Мене и душата ми е црвена” освои прва награда и златен медал, Симона Димитриеска (II-7) на меѓународниот поетски конкурс ,,Мене и душата ми е црвена” освои трета награда и бронзен медал.
 |  инфодеск  | 

Охридските гимназијалки Сара Петкоска и Симона Димитриеска, под менторство на Проф. м-р Перчо Божиновски се вратија со највисоки награди од 57-те Детски Рацинови средби.

Сара Петкоска (IV-3) на натпреварот во ораторство ,,Мене и душата ми е црвена” освои прва награда и златен медал, Симона Димитриеска (II-7) на меѓународниот поетски конкурс ,,Мене и душата ми е црвена” освои трета награда и бронзен медал.

За Рацин кој го наследивме достојно му се оддолживме на 57. Детски Рацинови Средби творејќи за бесмртниот црвен поет, чекорејќи по црвените нијанси на Рациновата безвременост и говорејќи под блесокот на незгасливите мугри, велат од ОСУ „Св Климент Охридски“.