Велибор Балоски, член на ИПА Охрид, го доби златниот пехар за освоено прво место во дисциплината пиштол на турнирот во стрелаштво, кој на 26 овој месец, се реализира во Струмица. Балоски победи во дисциплината гаѓање со пиштол калибар 9 милиметри, во кружна мета на растојание од 15 метри. Тој, на освоени 96 кругови, постигна 7 десетки, 2 деветки и 1 осмица со што, постави рекорд на овај ИПА реномиран настан во стрелаштво на кој учество зедоа, 36 ИПА членови од 7 ИПА региони во Македонија и еден од ИПА Црна Гора.
Покрај Балоски, во тимот на ИПА Охрид беше и Јована Илкоска која настапи во истата категорија што за неа е прв настап од ваков вид. Инаку, вториот по ред ИПА турнир во стрелаштво „ИПА МЕГДАН 2024″, се одржа на лиценцираниот стрелачки центар „Мегдан”, го следеа претседателот на ИПА Македонија и на македонската спортска стрелачка федерација.
Во натпреварувачкиот дел на турнирот, учесниците се натпреваруваа во дисциплините пиштол, малокалибарска пушка и летечки мети (глинени гулаби). ИПА турнирот во стрелаштво како и сите други ИПА настани, се одржуваат во духот и принципите на ИПА за промоција на полициската соработка и пријателство, и значат можност повеќе за јакнење на професионалните компетенции на полициските службеници, членови на ИПА, се вели во соопштението од ИПА Охрид.