Златна матура на генерацијата 1962/63 год
Поранешните соученици, од охридското економско училиште,кои сега се на 69 годишна возраст, разменаа искуства, мислења, евоцираа спомени од училишните клупи, од училишните екскурзии, од другарувањето.
Класен час на генерацијата 1962/63 година. Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени, вака денес изгледаше средбата на соучениците од петтата генерација на средното економско училиште од Охрид. Дотерани и елегантни, насмеани и среќни, тие го одбележаа златниот јубилеј – 50 години од матурата. Чуството е неописливо, ваквите јубилеи се поскапи дури од златото, вели класниот раководител Трајан Ласовски.
„Искрено јас многу сум соживеал со учениците во тоа време кога се наоѓав во економското училиште и до ден денс ме бараат и тоа ме храни. Кога матурираше оваа генерација тогаш јас стапив во брак Ова е нешто без цена и нема пари што можат да ги платат овие средби и ова видување топлината што ја осетивме меѓу нас“.
Од организациониот одбор за одбележување на златниот јубилеј, информираа дека три месеци им било потребно да ја организираат прославата. Јосиф Андреевски вели дека средбите со поранешните соученици им се во континуитет, не само за јубилеите.
„Оваа генерација беше нешто посебно, што кога завршивме 63 година веднаш после тоа беше земјотресот и бевме дезориентирани незнаевме каде ќе студираме бидејќи во Скопје не можевме“.
Во меморијата на славениците не беше избледено сеќавањето за другарувањето во тие четири години, за моментите поминати заедно.
„Оваа 50 годишнина ни доаѓа да видиме колку се и што сме оствариле во животот, меѓутоа сакам да кажам дека во почетокот ние учевме во училиштето некогаш што го викаа во Охрид, Радиничка, а потоа се изгради ова училиште и овде го завршивме своето средно образование“.
Матурантите од генерацијата 1962/63 година, јубилејот го заокружија со прослава и дружба во ресторанот Билјанини извори.
{loadposition content9}