Златна медалја за коктелот на ученикот Антонио Китески
Антонио, Натали, Дејан и Десат, ученици од угостителското училиште Ванчо Питошески, се закитија со медалји на меѓународниот натпревар во областа на угостителството.
Антонио, Натали, Дејан и Десат, ученици од угостителското училиште „ Ванчо Питошески“, се закитија со медалји на меѓународниот натпревар во областа на угостителството. Учениците освоија четири медалји, една златна, две сребрени и една бронзена во неколку натпреварувачки дисциплини од областа на туризмот и угостителството. Младите угостители покажаа одлични резултати во подготвување на коктели и гастрономски специјалитети, како и во презентација на туристичка дестинација и бариство. Синоќа, овие охридски ученици беа меѓу прогласените победници во скопскиот хотел „ Александар Палас“ од меѓународниот натпревар на Аехт што се одржа во Охрид. Директорот на угостителското училиште, Секула Баткоски не го крие задоволството од постигнатиот успех.
„ Ова е голем успех и поттик да продолжиме по вистинскиот пат. Доказ дека со работа може да направиме многу во едукацијата на нашите ученици кои можат да се носат со учениците од Европа во различни категории дури и со студенти од вишите школи“.
Македонските ученици се натпреваруваа во 8 дисциплини заедно со своите европски колеги. Директорот на охридското училиште Баткоски е задоволен од можноста да се разменуваат искуства со учениците и прфесорите од Европа од областа на туризмот и угоститеството.
„Се разменуваат искуства и овие натпревари еднаш во текот на годината допринесуваат за развој на туризмот. Добро е што Охрид беше домаќин на натпреварот името на нашиот град ќе се чуе во многу европски земји“.
Охрид, од 9 до 11 октвомври беше домаќин на 25-та јубилејна средба на Асоцијацијата на туристичките училишта од Европа која имаше и натпреварувачки дел.
На конференцијата беа присутни околу 600 ученици и професори од 30 европски земји.
{loadposition comtent9}