„Златниот глас на Русија“ ќе го отвори овогодинешното Охридско лето
Фестивалот Охридско Лето повторно е домаќин на најголемите, најславните и најуспешните. Познатиот оперски пеач Дмитри Хворостовски ќе го отвори неговото 53то издание. Драмската програма ќе започне на 13 јули, со премиерната изведба на претставата „ Мизантроп „ .
„Златниот глас на Русија“ , „Сибирскиот тигар“, „Елвис на операта“ овие епитети го красат името на познатиот оперски пеач Дмитри Хворостовски кој ќе го отвори 53тото издание на Фестивалот Охридско лето. Денес беше обелоденета програмата за овогодинешното фестивалско издание.
Ветеното го остваривме, веќе се познати имињата на уметниците кои ќе продефилираат на 40-те фестивалски денови, но напоредно со тоа се договараат светските имиња за идното издание на фестивалот, рече Елизабета Јанкулоска директор НУ Охридско лето.
Ваквата долгорочна стратегија ќе ни донесе сигурност и поголема професионалност во елитниот уметнички свет. Минатата година имавме успешно издание, а годинава најавуваме спектакуларно лето.
Охридско Лето е повторно домаќин на најголемите, најславните и најуспешните, додаде Јанкулоска. Како тим на фестивалот ја вложуваме целосната креативност, желба и енергија со заедничка цел секое следно издание да го направиме поуспешно од претходното, истакна таа. Музичкиот селектор Гордана Јосифоска Неделкоска, пак кажа дека свеченото отворање на Охридско Лето на 12 Јули, е секогаш спектакл кој што се памети и се одбележува како посебен фестивалски настан.
Оваа година на наше огромно задоволство, а верувам и на задоволство на ценетата публика, го направивме вистинскиот избор на од светски ранг. Дмитри Хворостовски, оперската ѕвезда што ќе блесне на Свеченото отворање на Охридско Лето, кажа Јосифовска
Музичкиот селектор најави дел и од останатите настани кои ќе остават белег на овогодинешното издание на фестивалот. На 14 Јули ќе настапи пијано дуо Корољов. На 17 Јули ќе имаме чест да присуствуваме на концерт со изведба на светски познатиот виолончелист Антонио Менезес. На 27 Јули, ќе се одржи концертор на светската атракција – спектакуларната група БОНД, гудачки квартет составен од четири талентирани, креативни и атрактивни девојки. После седум години преговарање, работа, труд и трпение, конечно големата атракција БОНД на 53тото издание на Охридско Лето, вели Јосифоска. Музичката програма на Охридско Лето 2013 ќе се затвори со атрактивен концерт на неверојатниот виолинист Немања Радуловиќ во придружба на пијанистката Сузан Маноф на 19 Август.
Престојното 53 издание на најголемиот и најпрестижен фестивал во регионот ќе донесе исклучителни возуди и во рамките на драмската програма, кажа Ѓорги Јолески, драмскиот селектор.
Многу премиерни изведби, различни естетски визии од афирмирани театарски дејци, претставување на нови култури и исполнување на софистицираните сетила на профилираната театарска публика на Охридско лето.
Отворањето на драмската програма ќе започне на 13 јули, со премиерната изведба на претставата „ Мизантроп „ од Жан Батист Поклен Молиер во режија на Драгана Милошевска во продукција на НУ Турски театар од Скопје , Македонија“ . Драмскиот селектор најави уште две драмски изведби и тоа „Спортска претстава „ од австриската авторка Елфриде Јелинек и“Браќа Карамазови„ од Фјодор Достоевски, режија Дејан Пројковски во продукција на театарот „Марин Држиќ„ од Дубровник.
Селекторите не ја открија програмата во целост но ветија дека ќе има уште многу што да се види и да се доживее.
{loadposition content9}