Злато и два бронзени медали за учениците од „Ванчо Питошески“ на ГАТУС 2026

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид освоија еден златен и два бронзени медали на 14. Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта – ГАТУС 2026, кој од 26 до 29 септември се одржа во Приједор, Босна и Херцеговина.


Златниот медал во дисциплината туристички аранжман го освоија Андреа Билбилоска, Марија Башеска и Вероника Петроска, под менторство на Катерина Тодороска.
Бронзени медали освоија и учениците во дисциплините готварство – Габриела Ѓореска, Викторија Илијоска и Никола Краљевски, со ментор Војо Ангеловски, како и во угостителско послужување и бармен – Христијан Јованоски, Кристијана Вељаноска и Леонид Велески, под менторство на Марјан Радески.

На натпреварот учествуваа ученици од угостителско-туристички училишта од шест земји во регионот, кои ги одмерија своите знаења и вештини во три натпреварувачки дисциплини. Во рамки на програмата, учениците имаа можност да учествуваат и на едукативна прошетка низ Националниот парк Козара.


Домаќин на следниот ГАТУС 2027 ќе биде Радовљица, Словенија.




