Злато за Кристијан Толески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на натпреварот ROBOMAC JUNIOR 2025
Во периодот од 12 мај до 14 мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците од четврта година во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2025. Главен организатор беше ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.
Учениците од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, Охрид постигнаа одлични резултати.
Кристијан Толески освои златен медал во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство.
Павел Иванов освои бронзен медал во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА. Горазд Јованоски доби сертификат за учество.
Учениците беа под менторство на професорката м-р Сања Јованоска.

На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од над 20 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории: АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство и ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника.
Освен натпреварувачките активности, се одржаа и неколку предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката