Skip to main content

Злато за охридскиот велосипедист Јован Јованоски

Повторно злато за охридскиот велосипедист Јован Јованоски.

 |  Маленкова Татјана  | 
trofej
трофеј

Охридскиот велосипедист од Екодром, Јован Јованоски го освои златниот медал на трката Водице во рамките од Хрватскиот куп во категоријата јуниори. На трката во Хрватска настапуваа вкупно 250 натпреварувачи, во сите категории, а во категоријата јуниори во која се натпреваруваа нашите претставници беа 23 ца и тоа сите прваци во своите земји.  Јованоски искрен, вели дека очекувал да се видам  на пиедесталот, но дека ќе го освои првото место не.

„Патеката можам да кажам дека беше доста техничка, не беше толку захтевна физички колку што беше техничка, нормално тешка , малку се помачив за да го освојам првото место. При таа голема конкуренција секако сум горд на себе затоа што имше натпреварувачи од повеќе земји од словенија, Хрватска, Србија, Унгарци, Пољаци“, вели велосипедист од Екодром, Јован Јованоски.

Покрај Јованоски учество на трката зеде Петар Упевчески, кој заврши на солидната единаесетта позиција.Prvo mesto Jovan Jovanov

„Во нашата категорија јуниотр имаше 20 натпреварувачи, јас го освоив 11 место. Задоволен сум со таа позиција. Тука и очекував да сум во пласманот. Трката беше напорна. Дојдени беа многу јаки тимови и екипи. За мене мислам дека можеше уште подобро се подготвуваме сега за Германија и очекуваме повисоки резултати и одиме напред“, вели Петар Упевчески од Екодром.

Љубиша Кондев селектор на велосипедска федерација на Македонија и тренер советник помошник на Екодром
вели дека натпреварот во Хрватска бил дел од планираните кои требало да ги посетат со цел да видат во каква натпреварувачка форма се Јован и Петар. Целта е вели Кондев  да видиме како понатаму да се одвиваат тренинзите на нашите велосипедисти.

„Сепак излезе дека се во планираната форма, за да се спремиме за престојниот светски куп на кој треба да учествуваме. Сите овие трки се на некој начин подготовка за престојните натпревари кои ни следат и кои се на повисоко ниво. Следниот натпревар е првиот светки куп во Планински велосипедизам во Германија каде прв пат ќе учествува Македонската екипа на олку восок натпревар и ќе видиме како таму ќе се покажеме со останатите натпреварувачи и држави, затоа што таму доаѓаат професионални екипи и ќе ни биде прво искуство од овој тип на натпревар“вели Љубиша Кондев, селектор на велосипедска федерација на Македонија.

Следен меѓународен предизвик за охридскиот велосипедист Јованоски е трката во Светскиот куп која ќе се одржи во Германија, а од таму тргнува походот за норма за младинските Олимписки игри во Пекинг 2014 година.

{loadposition content9}