Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам” беше реализирана уште една проектна активност во Општина Дебрца.
Поставени се три современи настрешници за автобуски стојалишта во селата Велмеј, Лешани и Злести. Проектот се реализираше во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија, а партнери беа Црвениот Крст ОО Охрид, општина Дебрца и Алпинистичкото друштво Патагонија од македонска страна и општина Грамш, од Албанија – информира Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.