Skip to main content

МВР

Значително намалување на кривичните дела на подрачјето на Охрид и Струга

Безбедносната состојба на подрачјето на Охрид и Струга е задоволителна, оценува министерот Оливер Спасовски. Според полициската аналитиката се бележи намалување на кривичните дела а зголемување на ефикасноста на полицијата.
 |  инфодеск  |  ,
Спасовски СВР Охрид

Безбедносната состојба на подрачјето  на СВР Охрид и ОВР Струга е поволна и на задоволително ниво, оцени министерот Оливер Спасовски, при вчерашната посета.  Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22%.

Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година, забележано е  намалување на овој вид пријавени кривични дела за 38%, споредбено со истиот период лани. На подрачјето на  СВР Охрид во првите пет месеци на годинава реализирани се 52 настани за превенција.

„Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20%. споредбено со истиот период 2022 година.Исто така бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава во споредба со првите пет месеци од минатата имаме намалување за цели 38% на територија на СВР Охрид. Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди“, информира министерот за внатрешни работи  Спасовски.

На подрачјето на ОВР Струга во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани бележиме намалување за 28% на вкупниот број регистрирани кривични дела.

„Класичниот криминалитет пак оваа година имаме намалување за 31% споредбено со минатата година. Јас сум убеден дека колегите од СВР Охрид и и ОВР Струга и во натамошниот период ќе продолжат со интензивни активности насочени токму кон стратешките приоритети кои што ги има министерството за внатрешни работи се со цел да се намалува криминалитетот и да расте ефикасноста на полицијата и на тој начин да се зголемува безбедноста на ова подрачје”, информираше министерот Спасовски.

Вчера во Одделението за внатрешни работи во Струга беше реализиран „Отворен кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Преку серија посети во кои ќе бидат опфатени сите Сектори за внатрешни работи низ државата, целта е да се  слушнат предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата.

Новинар Соња Рилковска