Skip to main content

Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца даде отчет за едногодишното работење

Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца, даде отчет за едногодишното работење. Ногачески посочи дека финансискиот долг на општината е намален. Тој ги презентира сработените проекти, а ги сподели и претстојните  зафати  кои ќе се преземат за Дебрца да биде квалитетно место за живеење. 

 |  Валентина Неловска  | 

Зоран Ногачески даде отчет за едногодишното работење од преземањето на градоначалничкат функција во општина Дебрца. Градоначалникот на прес конференција ги презентира сработените проекти, домаќинско управување со општинските ресурси и драстичното намалување на сите непродуктивни трошења. Истакна дека финансискиот наследен долг на општината од 8 милиони денари е намален.

„ Во изминатиов период работевме домаќински. Како резултат на тоа за една година успеавме да исплатиме околу 2.500.000 денари од наследените долгови, со што моментално по основ на преземени, а недоспеани обврски должиме околу 3.500.000, а по основ на доспеани обврски околу 2.000.000 денари.
За една година износот на потрошени средства за дневници и репрезентација на градоначалникот изнесува 0 денари“, истакна Ногачески.

Градоначлникот истакна дека долгот дополнително ќе се намали и со финансиската помош од доделените средства од Владата. Ветивме многу проекти со кои ќе го подбриме кавлитетот на живеење на дебрчани и тоа го исполнуваме, кажа Ногачески во отчетот. Градоначалникот наброја бројни реализирани проекти со кои се подобруваат условите во образованието, во социјалниот и спортскиот живот, комуналните услуги, асфалтирањето на локални патишта, подобрување на водоводната мрежа, реконструкција на задружни и школски домови, чистење на речни канали , одстранување на дивите депонии. Стана збор и за регионалната депонија за која Ногачески повтори дека нема да дозволи да се гради во атарот на село Годивје и очекува средба со министерството, а се пожали и на спорото донесување на урбанистичките планови во Министерството за транспорт и врски.

„ Во моменотв сме во завршна процедура на урбанистичките планови за село, а во неколку села и урбанистики акти. Изработката на урбанистичките планови е заглавена повеќе од 4 години во ресорното министерство. Бараме да се забрзаат бирократските процедури.Тоа за општина Дебрца ќе значи и повеќе проекти со кои ќе се аплицира до европските пред пристапни фондови. Од владата најавуваат дека ќе забрзат процедурите за изработка на плановите“, напомена Ногачески.


Градоначалникот Зоран Ногачески меѓу проектите за развој на општина Дебрца го истакна и проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Дебрца за кој се издвоени 100.000 денари. Истакна дека со проект за меѓугранична соработка на Македонија и Грција се обезбедени и над 200 илјади евра за повеќе проектни активности, како што се: подготовка на оригинални слики и видеа од локална флора во Белчишкото Блато, развој на мобилна андроид апликација и реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект, како организирање на музеј за флората на Белчишкото Блато.