Што ако ве фати зорт на Плаошник?
На Плаошник нема јавни тоалети, а богами ниту чешма за да се разладите. Од Завод и музеј ветија дека ќе го решат овој проблем
На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо.
Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е многу примамлив и за идните сопружници па многу венчавки се прават во Светиклиментовта цркава. Не е мал бројот на оние кои дури од странство доаѓаат за токму тука пред бога да го кажат судбоносното да. Директорката на Звод и музеј, Тања Паскали Бунташеска вели дека комплексот е сеуште во изградба па поради тоа нема санитарен чвор и чешми каде ќе се разладуваат намерниците. Таа додава дека ќе ознајдат некое привремено решение.
Од МЈП „Проаква“ тврдат дека доколку од Завод и музеј дoстават барање до нив за два- три дена ќе постават една или две фонтани на Плаошник. Инаку мештаните добро се сеќават дека на овој локалитет имаше две чешми и тоа едната кај турбето, а другата на самиот влез пред локалитетот. Што се однесува до јавните тоалети Паскали објаснува дека на нивна иницијатива се поставиле на Смоиловите тврдини, а во најскоро време тоа ќе го направат и на Плаошник. Да се надеваме дека ветувањата ќе се реализираат што поскоро на задоволство на посетителите.
{loadposition content9}