ЗПММ на средба со првиот човек на СРД, Зоран Трајчевски
Oд Здружението на приватните медиуми на Република Македонија (ЗПММ) започнаа со предвидените активности.
Откако беа оформени телата, од Здружението на приватните медиуми на Република Македонија (ЗПММ) започнаа со предвидените активности, договорени на средбите со членството.
Денес во Скопје, претставници на здружението остварија средба со првиот човек на Советот за радиодифузија на Република Македонија Зоран Трајчевски, пред кого беше презентирано здружението, целите и дел од планираните активности за наредниот период.
– Медиумите се среќаваат со многу предизвици во овој период. Случајот со ММИ е само капката која ја прели чашата и која не натера да се обединиме и заеднички да побараме решение за овој, но и за сите други наталожени проблеми со кои се среќаваме секојдневно. Доколку се согласиме со новонастанатата состојба ќе стигнеме до околу 10% од комплетниот приход кој ќе треба да го издвоиме за оваа намена. Ако на тоа се додадат и сретствата кои сите медиуми наскоро ќе ги издвојуваат за користење на услугите на дигиталниот оператор кој ќе стартува со работа од јуни следната година, но и големиот број на компензации кои медиумите се приморани да ги прифаќаат, стигнуваме до фантастични бројки кои ќе се едноставно неиздржливи, вели претседателот на ЗПММ, Сашо Митаноски.
Претседателот на СРД, Зоран Трајчевски изјави дека е запознат со состојбата во која работат голем дел од медиумите во земјата, го поздрави формирањето на здружението и нагласи дека сите измени треба да се бараат во рамките на законските норми.
Веќе за наредната недела е најавено окрупнување на „фронтот“ против новите трошоци за користење на музиката.
Со тарифникот на старо-новото зддружение ММИ (Македонска музичка индустрија) се опфатени сите фирми во државата, пред се’, хотелиерите, но и сите, од најмали до најголеми бизниси, кои во оваа ситуација во која е моментно целото стопанство ќе треба да издвојуваат значителни средства и за оваа намена.
Правната служба ангажирана од здружението ЗПММ работи на сите аспекти на проблемот, а не се исклучува и правна разврска на проблемот со ММИ во највисоките правни инстанци во земјата.
{loadposition content9}