Во Општина Дебрца беше одбележан 22 мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности.
Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови од растителниот и животинскиот свет на неколку локалитети – Сини Вир меѓу Ново Село и Белчишта, како и изворите Горно Поле кај с. Велмеј. Исто така беше организирана и обука за запознавање и собирање лековити и ароматични билки и плодови од природата со кои изобилува Дебрца. Слични активности се планираат во наредниот период за пошироката јавност.
Активностите се поддржани од US Forest Service и тековните проекти кои Ектоуризам 2016 го спроведува со општина Дебрца, а се со цел истражување на природните богатства и нивно одржливо искористување за развој на општината.