Во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден на мирот
Денес со почеток во 11 часот на Градскиот плоштад ќе се одбележи Светскиот ден мирот.
| | Охрид
Денес со почеток во 11 часот на Градскиот плоштад ќе се одбележи Светскиот ден мирот.
Во програмата за одбележување, предвидено е да се положи свежо цвеќе на бистите од паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, понатака ќе се чита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.
Во рамки на манифестацијата ќе се обратат претставници на организаторите, општина Охрид и од Сојузот на борици од Охрид и Дебрца.