Објектот „Билјана“ на охридската градинка доби детско игралиште на иницијатива на родители на дечиња кои ја посетуваат градинката и со обезбедна донација, информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ Охрид.
– Нашиот родител Атанас Поп-Стефанија и останатите родители од објект Билјана во соработка со Славеј А.Д- Центар за ортотика и протетика ни го обезбедија ова игралиште во кое ќе уживаат многу идни генерации на дечиња, велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ упатувајќи јавна благодарност.