Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Дежурните екипи на Ј.П. ,,Охридски Комуналец” ноќеска интервенираа со абразивни средства во повисоките населени места

„Охридски Комуналец“ со ноќна интервенција по снежните врнежи во Стар Град, Бараки, селата Велестово, Елшани и Горно Коњско
 |  инфодеск  | 

Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” информираат дека по вчерашните снежни врнежи кои беа поинтензивни на повисоките населени места, мобилизирани беа дежурните екипи и целокупната нивна расположлива механизација за да се овозможи нормално движење на возила и функционирање во зимски услови.

-Во текот на ноќта и од рано утрово се интервенираше со абразивни средства на повисоки места и тоа: Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско, се вели во нивното соопштение.