Skip to main content

УХМР

Денес во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Минималните температури од 5, а максималните до 21 степен Целзиусов.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималните температури од 5, а максималните до 21 степен Целзиусов.

Од УХМР најавуваат дека од денес следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок.