УХМР
Денес променливо облачно со сончеви периоди
Во Охрид минималните температури од 8, а максималните до 18 степени Целзиусови.
Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Охрид минималните температури од 8, а максималните до 18 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дек во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. До среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Фото: Ѓоко Симјаноски


