Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 1 до 14 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека од утре, сабота, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.
Фото: Ѓоко Симјаноски