Според официјалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), одзивот на локалните избори во Охрид до 18:30 часот е 48,23%, a на ниво на државата, до 18:30 часот гласале 46,65% од граѓаните. Во Општина Дебрца на гласање излегле 62,04% од вкупниот број избирачи.
За кандидат за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од гласачите кои гласале, но само доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список, се повторува целата изборна постапка. Доколку никој не го добие потребното мнозинство во првиот круг, двајцата кандидати со најмногу гласови одат во втор круг, кој се одржи за 14 дена, односно на 2 ноември. Во вториот круг, победува кандидатот со поголем број гласови. Доколку и во вториот круг не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија ја известува Владата во рок од 15 дена.