Жителите на „елитната“ Чекоштина и понатаму се без улица и број
Немање на уличниот систем во Чекоштина и понатаму претставува еден од главните проблеми на жителите на оваа населба која беше замислена како елитен сончев град, а две децении подоцна и понатаму е неурбанизирана со стотина куќи и викендици кои немаат ни улица ни број, ниту канализација.
На годишното собрание кое се одржа викендов, жителите организирани во Здружението „Чекоштина Урбан“ одлучија до локалната власт да достават конкретен предлог, со графички приказ и имиња на неколку поважни улици во месноста.
-Две децении чекаме да се уреди уличниот систем и овој пат нема да отстапиме. Одлучивме да продолжиме со барања за систематско решавање на нашите основни потреби од локалната, а паралелно да изведуваме проекти од заеднички интерес со самофинансирање, велат од здружението.
Жителите со години поднесуваат петиции, барања и писма до Општина Охрид за да добијат легални адреси и основни инфраструктурни услови, во 2020 година одржаа и простест револтирани од игнорантскиот одност на локалната власт.