Skip to main content

Заштитата на Охридското езеро заеднички именител за Македонија и Албанија

Македонија и Албанија заедно ќе го заштитуваат Охридското езеро. Оваа иницијатива на УНЕСКО финансиски ја подржа ЕУ. Во периодов што следува ќе се утврди прекуграничната платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското Езеро.

 |  Лионела Јаковлева  | 

 

Или ќе го заштитиме Охридското езеро на прекуграничен начин или никако, ова беше истакнатo на денешниот работен состанок во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО кој се одржува во Охрид. Главни цели на состанокот се идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското Езеро.
Не може само едната страна на пример македонската да се грижи за заштитата на езерото а од албанска да се деградира. Ние ќе им ги пренесемев нашите искуства на албанските колеги околу заштитата за да можат и тие да ги имплементираат. Езерото е една целина и така треба да се однесуваме, рече Лидија Топузоска- генерален секретар на националната комисија на УНЕСКО.

Соработката помеѓу двете држави на кои им припаѓа Охридското езеро не е новина но многу е тешко да се управува со истото. Засега нема некоја поголема деградација на езерото па вистинско време е да се утврдат рамките во кои истото ќе се заштити, потенцира Синиша  Шешо шеф на канцеларијата на УНЕСКО во Босна и Херцеговина.

Многу е важно државите да си помагаат взаемно. Немее едниот дел од езерото да се заштити а другиот не. Затоа на иницијатива на УНЕСКО  и советодавните тела  ЕУ обезбеди средства за реализација на овој проект, рече Шешо.

Преставниците на министерството за култура од Р. Албанија рекоа дека државата веќе презема мерки за заштита на ова природно и културно богатство.

Во јуни оваа година Владата на Р. Албанија започна со рушење на градбите кои се наоѓаа долж бреговата линија. На овај начин започна сериозно да се гледа на заштитата на езерото и спречувањето на нговата деградација. Не застануваме тука. Ова е само почеток, рече Сонина Кора- преставник на Министерството за култура на Р. Албанија.

На средбата присуствуваат преставници од надлежните министерства од Македонија и Албанија, локалните самоуправи во регионот, како и преставници на УНЕСКО и ИКОМОС.

{loadposition content9}