Жителите на Општина Дебрца одлучија Златко Сиљаноски да биде новиот градоначалник на општината.
По преброени 99,82% од гласовите, Златко Сиљаноски од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 1.507 гласови, односно 61,64% од вкупниот број гласови, а неговиот противкандидат Зоран Ногачески, независен кандидат на група избирачи освои 857 гласови, односно 35,05%.
На вториот круг од Локалните избори 2025 во Дебрца гласаа 2.431 избирачи. Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња е 2.364, а на неважечки 81. Официјалната излезност на овој изборен циклус е 62,21%.