Skip to main content

Извештај од консултативен состанок со Европската банка за обнова и развој

ЕБОР како финансиер на предложениот експресен пат Охрид-Пештани (предвидена вредност: 50 милиони евра) оваа недела организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт.

 |  Голабовски Крсте  | 
mapa

ЕБОР како финансиер на предложениот експресен пат Охрид-Пештани (предвидена вредност: 50 милиони евра) оваа недела организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт.

Состанокот го водеа локални претставници од ЕБОР, како и виш службеник од Одделот за животна средина и одржливост/седиште на ЕБОР во Лондон, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) – изработувач на предлог-проектот и тим експерти најмени од ЈПДП. Предлог-проектот го презентираше вработен од ЈПДП Македонија.

mapaГраѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ беше поканета на состанокот со НВО секторот. На состанокот покрај Иницијативата беа присутни и претставници од Хидробиолошкиот завод во Охрид, Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“, Здружение за заштита на животната средина „Грашница“, Туристички кластер „ЕДЕН“, Црвен Крст Охрид, Асоцијација н жени „Бисера“, Асоцијација на еколошки фармери „Гица Инкубатор“ и Туристичка асоцијација.

Присутните граѓански ор ганизации остро се спротивставија на имплементацијата на предлог-проектот поради повеќе причини, како тоа што во зоната на активно управување (каде што е незаконски да се гради), патот зафаќа 49,75 ха и на тој начин ефективно уништува 76,64 ха од зоната за активно управување ,како и незаконската и неприфатлива промена во зоните на заштита во Националниот парк (за проектот да може да се имплементира треба да се симне нивото на заштита на одредени зони!)

На состанокот со локалната самоуправа само една месна заедница – МЗ Лагадин, беше противпредлог-проектот и својот став го поткрепи со аргументи извлечени од постоечката СОВЖС. Претставникот од МЗ Лагадин, претседателката Илина Арсова, во целост се согласува со гледиштата и ставовите на невладиниот сектор, како и на домашната меѓународната научна елита.