Од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид информираат дека нивните талентираните гимназијалци под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски освоија една втора награда и две пофалници на 58. Детски Рацинови средби.
Иво Георгиески (III-7) доби втора награда на меѓународниот поетски конкурс ,,Кога денот од стих се раѓа” во конкуренција на 1172 поетски творби:
,,Зашто денот што од стих се раѓа
е како песна: жива,
силна, моја, твоја… Рацинова, наша!”
Јована Крстаноска (II-6) доби пофалница за учество на рецитаторскиот натпревар, влез во финале и трет круг меѓу 12 најдобри рецитатори во Македонија:
,,Угаснете и светлини!
Мрак да биде – каракамен.”
И Матеј Баткоски (II-5) доби пофалница за учество на натпреварот во ораторство и меѓу 12 најдобри оратори во Македонија:
,,…И додека последниот збор не згасне, додека последниот работник не замолчи, поезијата ќе живее, Рацин ќе живее, а со нив и народот.
Работничко мастило, поетска крв – тоа сме ние, сите сме Рацин!”
-Млади срца кои знаат да го носат факелот на Рациновиот дух и нивниот успех е потсетник дека сите сме Рацин, сите сме дел од една бескрајна песна што никогаш нема да замолчи!, велат од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид.