И овој продолжен празничен викенд Охрид полн со туристи. Солидна исполнетост бележат и хотелите на брегот на Охридското Езеро, но и приватното сместување. Најбројни се организираните групи од Холандија,Англија, Полска, Турција, има гости и од соседството Србија и Бугарија, но не изосатнуваат и домашните туристи.
Оваа туристичка сезона се очекуваат рекорден број гости, за 10 до 20% повеќе од лани.
„Летото ни започнува можеме да дадеме една оценка како една ретроспектива дека успешно стартуваше. Сведоци сме дека градот е полн со групи кои што ги гледаме низ Охрид и добро е тоа што групите кои што го посетвуваат Охрид имаат подолг престој не се како минатите години имавме голем број ноќевања со краток престој, но подобро е кога имаме групи со подолг престој, тоа е поголем бенефит за сите нас.“- изјави Челик Асим тур оператор.
Охрид и ова лето е најпродавана екскурзија во соседна Албанија. Туристите се воодушевени од културно историските споменици, вековната историја, древните цркви, музеите и природата.
„Сите скаат да го видат Охрид. Импресионирани се велст преубаво е и повторно сакаат да дојдат. Имаме голем број туристи од Полска во Албанија околу 1000 гости неделно се до октомври.“- вели Доминика Ремашевска туристички водич од Полска.
-Слушав многу за Охрид, прв пат сум овде, сум чула и за вековните охридски бисери, вели гостинкса од Полска
– Мислам дека е преубаво тивко мирно преубави глетки, многу ни се допаѓа. Убави цени, убава баклава преубаво е, – вели туристка од Полска
– Ја вкусивме македонската храна преубава е го препорачуваме Охрид,- вели турист од Полска.
Од охридскиот аеродром има субвенционирани летови од Холандија, Велика Британија, Србија, а од 24 јуни започнува и авио линијата Охрид – Варшава.
Според официјалната статистика годинава заклучно со месец април. бројот на туристите во земјава е зголемен за 15.3 %,.
Новинар Соња Рилковска