На црна темница пред домовите се жалат граѓани од стар град
На црна темница пред нивните домови се жалат граѓани од стар град. Досега нема улично осветлување иако пред месец и половина побарале од фондот за комунални дејност замена на прегорените светилки. Од секторот за комунални дејности, пак тврдат дека на нивната листа на чекање подолго време нема такви локации. Се пофалија дека по потпишувањето на договорт со чешката фирма за одржување на јавното осветлување се работи на замена на постојните со подобри лед светилки.
Со фотографии кои наши граѓани ги доставија до нашата редакција, се жалат на уличното осветлување, и како што велат црната темница во која тонат нивните домови веќе подолго време. Жителите од стар град пред месец и половина побарале од фондот за комунални дејности да се заменат прегорените светилки, но досега нема ништо од тоа. Стравуваат дека и во престојните зимски месеци улиците ќе останат во мрак. Забелешките на охриѓани ги негираат од секторот за комунални дејност, сообраќај и улици при ЛС.
„Во летниот период имавме дефекти и дојде до мал застој. Екипите се на терен и ги менуваат светилките. Во моментов на подолга листа на чекање, како што велите, за замена на светилки нема. Доколку има, а граѓаните не пријавиле упатуваме апел тоа да го направат,“ тврди Љупчо Танески од секторот за комунални дејност, сообраќај и улици при ЛС.
Портпаролот на секторот за комунални дејности, Танески се пофали дека нивни екипи се на терен и интензивно работат на замена на досегашните светилки со новите современи лед светла. Пред дваесетина дена општината го потпишала договорот за јавно приватно партнерство со чешката фирма која ќе инвестира во одржувањето и модернизирањето на јавното градско осветлување. Започнала прват фаза на замена на светилките во руралните места како што се Оровник, Сирула, Вапила, Ливоишта, Куратица, Рамне, Велестово. Деновиве ќе ги зманеувале светилките и во Рача. Формирале и мешовита екипа која го испитува квалитетот и јачината на новите светилки, подвлекува Танекси.
„ Од досегашното искуство и работата на терен е пресметано и утврдено дека искористувањето на моќта на лед светилките е за 5 пати помала од претходните, а квалитеот и јачината на светилките е 2 пати подобра. Новите лед диоди во руралните средини се 10 пати поефикасни од претходните натриумови и живини светилки “, укажува Танески.
Според договорот во престојниот период ќе следува втората фаза и на градските улици кад ешто ќе се заменуваат постоечките со нови лед светилки. Покрај ова како што информира Танески ќе се постават и нови улични светилки на повеќе градски улици.
{loadposition content9}