Најдобрите теквондисти од регионов на тренинг во Охрид
Деновиве на теренот кај езерската полиција во Охрид беше одржан неколкучасовен теквондо тренинг и демонстрација на кој учествуваа тимови од Македонија, Србија и Словенија. Тренингот го водеа Исмет Ичановиќ од клубот Шкорпион, црн појас шести дан, носител на златен медал и Маринко Стојаковиќ црн појас, петти дан европски шампион од Теквондо Клубот Бајша.
Охрид станува се попривлечна дестинација за одржување на семинари и тренинзи за боречките спортови. Имено, деновиве на теренот кај езерската полиција во Охрид беше одржан неколкучасовен таеквондо тренинг на кој учествуваа претставници од најдобрите теквондо тимови од Македонија, Србија и Словенија.На тренингот беше разменето драгоцено искуство меѓу таеквондистите од најдобрите таеквондо школи од Македонија (ХВА РАНГ ИТФ), Србија (Бајша) и Словенија (Шкорпион).
„Од секој тренинг се учи и од секој човек се учи, се што се работи е пожелно, колку повеќе се работи толку повеќе се учи. Јас сум IV дан и јас треба да учам од некого, а можам да учам само од поголем појас. Само можеме да научиме, словенците на пример држат еден тренинг, србите поинаков, ние поинаков и тука имаме размена на искуства ги користиме најдобрите работи од сите страни“ појаснува Марјанчо Лазаревски – HWA RANG ITF – Лескоец.
Организаторот на овој настан, Марјанчо Лазаревски, изразува голема благодарност до спонзорите ПН МЕТАЛ и НОМА МЕТАЛ кои беа покровители на овој настан. За успешен настап на меѓународни натпревари, европски и светски првернства, но и за континуиран успех во секој спорт, потребна е поддршката од спонзорите, но исто така потребно е и да се оправда таа поддршка.
„Најважното нешто е да се има спонзор кој континуирано стои зад клубот, а клубот има обврска кон спонзорите, да носи резултати да ги рекламира. А не како другите, ќе ни дадат спонзорство и како ништо да не било“ вели, Марјанчо Лазаревски – HWA RANG ITF – Лескоец.
Тренингот го водеа Исмет Ичановиќ од клубот Шкорпион, црн појас VI дан, носител на златен медал од светско првенство, Маринко Стојаковиќ (црн појас, V дан) европски шампион од ТК Бајша и Марјанчо Лазаревски (црн појас, IV дан) светски вицешампион.
Покрај нив на овој настан учествуваа и репрезентативката на Србија, Бојана Зориќ (црн појас), Зоран Донев (црн појас, I дан, репрезентативец на Македонија), Ацо Јосифоски (црн појас, IV дан), претседателот на таеквондо федерацијата на Србија, Дејан Ѓурасовиќ, Борче Јовановски (црн појас, репрезентативец на Македонија) како и таеквондистите од ХВА РАНГ ИТФ.
Инаку на овој ревијален тренинг паднале и првите идеи за организација за летни кампови во сите три земји, од кои еден би требало да биде во Охрид, со учество на најголемите мајстори од овој спорт.