Skip to main content

Нови инвестиции и работни места: До крајот на годината четири до пет странски компании влегуваат во земјава

До крајот на годинава се очекува потпишување на нови договори со четири до пет странски компании. Премиерот Мицкоски при денешната посета на германската Костал во Охрид најави отворање на нови работни места.
 |  инфодеск  | 

До крајот на годинава во земјава се очекуваат четири до пет нови странски инвестиции. Привршуваат преговорите со компаниите кои што треба да отворат нови 1000 работни места.

Додека некои странски компании носат одлуки да ја напуштат земјава, засега две во зоната Бунарџик, наскоро ќе се потпишат договори со новите странски компании, најави премиерот Мицкоски.

Веќе имаме неколку кои што се во процес на завршување на преговори, очекувам до крајот на годината 4 или 5 такви компании веќе да потпишат договори со владата. Така што очекувам
нови над 1000 работни места кои што би се креирале само како резултат на овие потпишувања, така што апсолютно ќе се случуваат тие работи кај нови компанији, некои ќе се отварат, некои ќе се затварат, но ние како влада сме тука да работиме за интересот на граѓаните и државата и убеден сум дека со поддршката која што ја даваме сме конкурентни или би рекол дека сме едни од најконкурентните во Европа и тоа го покажувам еи со бројки, тоа го покажувам и со дела
, изјави премиерот Христијан Мицковски.

И покрај стагнацијата на автомобилската индустрија на европскиот пазар, германската компанија Костал, во Охрид, годинава ја завршува со 60% поголем приход од лани. Од компанијата најавуваат нов циклус на инвестиции и отворање на 200 нови работни места.

-Ние одлучивме да со дополнителни инвестиции од над 30 милиони еврa идната година, со нови клиенти го шириме портфолиото. како на клиенти, така и на производи. Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година, ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра. Со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни нови работни места во овие 200 вработени, вели Виктор Мизо директор на Костал.

Засега нема индикации дека други компании ќе се повлечат од пазарот и ќе ја напуштат земјава, состојбата со индустриските зони е стабилна.

Новинар Соња Рилковска