НУ Завод и Музеј – Охрид е награден за „Најдобар словенски локалитет“
Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид ја доби престижната награда „Жива“ за 2025 година, како најдобар словенски културен локалитет. Наградата беше свечено врачена на директорот, м-р Горан Патчев, кој беше придружуван од колегата Сашо Блажески.

Добитниците на овогодишните Жива награди ги објави Форумот на словенски култури (FSK) за време на меѓународниот настан што се одржа од 8 до 11 октомври 2025 година во Требиње, Босна и Херцеговина. Ова беше 11-то издание на наградата, проследено со конференција што ги собра претставниците на словенските културни институции.

–Наградата Жива за најдобар словенски музеј, именувана по словенската божица Жива, која симболизира живот, виталност и плодност, е основана во 2014 година од страна на Меѓународната фондација FSK. Тоа беше иницијатива на директорката на FSK, д-р Андреја Рихтер, која е и лидер на проектот за наградата Жива. Оттогаш, наградите Жива за најдобар словенски музеј и најдобар словенски локалитет (воведени во 2018 година) станаа единствена транснационална културна платформа посветена на промовирање на заштитата, зачувувањето, образованието, комуникацијата и општествената улога на словенските музеи и локалитети. Денес, мрежата прерасна во значајна словенска заедница која опфаќа речиси 250 музеи и локалитети низ 13 словенски земји, велат од НУ Завод и музеј Охрид.
На овогодинешната церемонија на Жива наградите учествуваа над 140 претставници од 10 словенски и 3 други земји, што сведочи за растечкиот углед на ова признание во Европа и пошироко. Посебен акцент беше ставен на новата награда – Жива за најдобро зачувување на словенското наследство во светот. Таа има цел да ги препознае иницијативите што го негуваат словенскиот културен идентитет надвор од границите на словенските земји. Веќе прва година, за ова признание конкурираа музеи од Италија, Унгарија и САД.

Добитници на наградите Жива за 2025 година се:
Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски музејбеше доделена на Хрватскиот музеј за природна историја, Загреб, Хрватска
Наградата Жива за 2025 година за најдобар словенски локалитет беше доделена на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Охрид, Северна Македонија
Почесно признание му беше доделено на „Лет а Писку“. Споменик на холокаустот на Ромите и Синтите во Бохемија, Пишек, Чешка Република.
Специјални признанија им беа доделени на:
Спомен-музеј Сибир, Бјалисток, Полска: за креативност
Куќа на Халубје ѕвонарите, Вишково, Хрватска: за одржливост.
Регионален музеј на Плевља, Црна Гора: за лидерство и тимска ефикасност.
Музеј на оружарница во замокот Лив, Полска: за внимание кон посетителите и отвореност.
Малкарпатски музеј во Пезинок, Словачка: за раскажување приказни
Дипломи:
Специјална диплома за извонредност беше доделена на:
– Музеј Житомислиќ, Босна и Херцеговина
Диплома за зачувување на културното наследство низ целиот свет им беше доделена на:
– Музеј Каницаи Доротја, Мохач, Унгарија
– Музеј на рибарството на крајбрежјето Трст, Санта Кроче ди Трст, Италија
– Музеј на луѓето од долината Ресија, Столвица, Италија
– Национален чешко-словачки музеј и библиотека Сидар Рапидс, Ајова, САД
Форум на Словенска Култура (ФСК) Љубљана, 10 Октомври 2025 www.fsk.si
Dr Andreja Rihter, Director