Skip to main content

Објавени конкурсите за избор на директор на трите јавни претпријатија

Актуелните ВД директори на МЈП Проаква и ЈП Комуналец размислуваат дали да се пријават.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
ВД директорите на МЈП Проаква и ЈП Комуналец до понеделник ќе ја држат охридската јавност во неизвесност. Не откриваат дали ќе се пријават или не на веќе објавените конкурси за избор на директор на трите јавни претпријатија, вклучувајќи го и ЈП за стопанисување со спортски објекти Билјанини извори.

„Станува збор за многу одговорна функција и затоа треба добро да се размисли“ , вели Боро Павлоски, ВД директорот на ЈП Комуналец.

sahtaДали ќе се пријави на конкурсот за избор на директор не открива ниту актуелниот прв човек на МЈП Проаква, Бранко Трпчески. Со оглед на тоа што во моментов е член на  советот на општина Охрид, директорската функција во Проаква би значела и откажување од учеството во советот поради судир на интереси.

Конкурсите за избор на директори на трите јавни претпријатија во Охрид се во тек. Објавени беа на 18 април и ќе траат заклучно 27 овој месец.
Во охридската јавност веќе се шират одредени гласини. Според нив, за директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти „ Билјанини извори“ во план е да биде поставен човек од редовите на ВМРО- Народна партија. Додека пак за прв човек на ЈП Комуналец се спомнува името на Никола Рилкоски, своевремено директор на охрискиот аеродром и долгогодишен член на СДСМ.

 

{loadposition content9}