Отворен првиот тунел под Босфор кој ги спојува Европа и Азија
Турските власти вчера го отвориле првиот поморски тунел за возила под Босфор, кој ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул.
Турските власти вчера го отвориле првиот поморски тунел за возила под Босфор, кој ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул.
Церемонијата на отворањето на тунелот “Евроазија”, кој минува под Босфорскиот мореуз, не била одложена иако земјата е во шок по вчерашното убиство на рускиот амбасадор во Турција.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рекол дека одлуката да не се откаже церемонијата за отворањето на тунелот е “одговор на тероризмот”.
“Не можеме да дозволиме тероризмот да преземе контрола над нашиот распоред” рекол Ердоган.
Тунелот долг 5,4 километри, чиј дел од 3,4 километри е под Босфор, има за цел да го олесни озлогласениот сообраќаен метеж во тој град од 18 милиони жители. Се очекува дека дневно околу 120.000 возила ќе го користат овој тунел.
Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов вчера бил убиен од турски полицаец, кој притоа извикувал слогани за сирискиот град Алепо.