Охрид град на светскиот хуманизам
„Охрид град на светскиот хуманизам“ . Овај епитет на градот планирано е да се потврди со изградба на едно спомен обележје кое ќе асоцира на хуманизмот како вечност. Оваа идеја ја презентира Академик Светлин Русев од Бугарија на одбележувањето на јубилејното свечено доделување на наградата за хуманизам.
Дали Охрид ќе добие спомен облежје или монумент кој што ќе го симболизира градов како седиште на светскиот хуманизам. Оваа идеја ја презентира Академик Светлин Русев од Бугарија на одбележувањето на јубилејното свечено доделување на наградата за хуманизам. Градоначалник на Охрид Никола Бакрачески во таа пригода кажа дека ќе се заложи оваа идеа да биде реализирана во дело, но додаде дека претходно треба сериозно да се разгледа.
Таа идеја е прифатлива, но претходно треба да биде презентирана пред широката јавности надлежните институции и треба да се запази целокупниот процес за ад дојде до нејзина реализација, рече Томе Џамтоски- портпаролот на Локланата самоуправа.
Академикот Светлин Русев кој е светски познат уметник се понуди да биде и автор на ова дело.Целта на ваквиот проект е Охрид да стане надалеку познат како седиште на светскиот хуманизам. Идејата за овај монумент е хуманизмот како вечност, како трајност, како пат кон спасението на човештвото. Тој ќе биде изграден од камења, во кој ќе биде вметната икона на Св. Климент Охридски, а планирано е да биде лоциран покрај вода.
Изјава
Многу е рано да се зборува каде ќе биде поставено ова спомен обележје. Сепак треба да биде запазаена целата постапка за еден ваков проект, па потоа да се разговара кое е најсодветното место за поставување на постаментот, вели Џамтоски.
На обележјето, планирано е бидат вградени сите досегашни добитници на Светската награда за хуманизам. Во процесот на изработка на спомен облежјето ќе бидат вклучени сите светски организации – Обединети нации, УНЕСКО и сите фондации за култура во светот.