Охрид е симбол на меѓусебно почитување и хармонија
Градските власти и Владиката Георгиј на ифтарска вечера со Исламската верска заедница.
Во организација на Општина Охрид вчера беше приредена ифтарска вечера, на која беа присутни претставници на Охридското муфтиство на Исламската верска заедница, Дебарско-кичевската епархија, пратеници, советници и верници. На вечерата присуствуваше и митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.

Вечерва, уште еднаш докажавме дека Охрид не е само град, туку симбол на меѓусебно почитување и хармонија. Ифтарот не е само оброк – тој е мост. Ги премостува разликите и нè потсетува дека сите сме луѓе, сограѓани и пријатели. Соживотот во Охрид не е само историја, туку наш идентитет и начин на живот, посочи во објавата на социјалните мрежи, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.




