Skip to main content

Охрид низ перото на патеписците

Најзначајните пишани текстови за историските настани и интерсни случки кои се случиле во изминатите 800 години во Охрид, собрани во најновото дело „Патописците пишуват за Охрид“ на истакнатиот научен работник, историчарот на уметност со археологија, Гоце Ангеличин Жура.

 |   | 

Уште во далечната 1099 година арапскиот географ Ал Шариф Ал Идриси ќе напише „Охрид е великолепен град со многу резиденции и митрополии. Распослан на врвот на убав рид покрај големо сино езеро”.

За Охрид пишувале многу патотписци, а најзначајните нивни белешки во изминативе 1000 години конечно се собрани во една книга, делото „Патописците пишуваат за Охрид”., на истакнатиот научен работник, историчарот на уметност со археологија, Гоце Ангеличин Жура. Книга која како вели авторот, сите охриѓани заслужуваат да ја чуваат под перница.

„Оваа книга треба да биде во илјадници примероци , оваа книга треба да биде на сите странски јазици оваа книга треба да биде како во џеб да ја чува секој туристички водич, Општина Охрид, и туристичките агенции за кога ке дојдат туристи странец да може што да му се понуди и што да му се каже на Охрид“ вели Жура.

Горан Патчев, промотор на ова интересно дело вели дека станува збор за интересен избор на белешки на патописци кои го посетиле Охрид од Евлија Челеби па до Бранислав Нушиќ една иако наизглед позната тема со која секој од нас се има барем еднаш сретнато во животот, но од која Гоце како вистински научник но пред се вљубеник во Охрид, се сетил да направи еден интересн избор на белешки на патописци кои го посетиле Охрид.

„Нека биде ова поттик за сите млади истражувачи. Дека не треба да одат многу далеку за своите истражувачки дела. Во Охрид се уште имаме непроценливо, недоистражено богатство, кое треба да се презентира на јавноста“, потенцира Горан Патчев промотор на делото.

Во книгата се вметнати најинтересните моменти врзани за градот. Изградбата на охридската калдрма, манастирот Свети Наум, и други .моменти кои секој туристички водич треба да ги знае, приказни во кои Охридт изгледа многу поинаков од она каков што ние го знаеме и паметиме. Охрид со векови бил инспирација за патниците, случајните минувачи и туристите. Во Патописците пишуваат за Охрид опфатени се 21 патописец, започнувајќи од Идриси, Евлија Челеби, па преку Хан и Бранисклав Нушиќ заклучно со Џон Фостер во 1905 год.