Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Кирил Пецаков, прогласи победа во прв круг на денешните локалните избори.

Актуелниот градоначалник Пецаков се заблагодари на охриѓани за како што рече искажаната историски најголемата поддршка што на било кои локални избори се случила.
-Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги реализиравме во изминатите 4 години сега ќе бидат на уште повисоко ниво. Уште еднаш благодарност до охриѓани и за поддршката за Градоначалник која ќе биде 10 000 разлика и го следи односот 3:1 со СДСМ како втора партија по бројот на гласови. Оние капиталните проекти што се отпочнати како што се полоштадот Чинар и катната гаража коишто веќе се тендерирски завршени и избран е понудувач, ќе бидат први кои ќе почне да се градат во предстојниот период, а нормално динамиката на работа ќе продолжи во сите сфери, без исклучок. – изјави Пецаков.
Охриѓани денеска избираа градоначалник помеѓу четворица кандидати, и советници од вкупно 11 кандидатски листи за членови на советот на Град Охрид.
