Поднесени пријави против две лица за измами по телефон за лажни сообраќајки
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишна жена од Република Бугарија и 41 годишно лице од Охрид.
–Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, лицето од Бугарија и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои имало жртви. Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што лицето од Охрид одело на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на бугарската државјанка. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.